
Соопштението на Шанса за Центар го пренесуваме во целост
Независните успеаа
Уставен суд пресече! Измените на Изборниот законик со кои на сите граѓани на кои им е преку глава од партиите им се отежна учеството на сите избори, се НЕУСТАВНИ
Уставниот суд на денешната седница ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои партиите без никаква јавна консултација го кренаа прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори.
„Во предлог-рефератот судијата известител изрази сомнеж за новите измени од уставна гледна точка, односно дека со нив се повредени темелните вредности на Уставот, правната сигурност и предвидливост, начелото на владеењето на правото. Исто така постои сомнеж дека е нарушен политичкиот плурализам како темелна вредност на уставниот поредок уреден со членот 8 став 1 алинеја 5 од Уставот.“
БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА
МОЖЕ МНОГУ ПОДОБРО
ШАНСА за СИТЕ – Се додава во соопштението на Шанса за Центар