
Соопштението за настанот го пренесуваме во целост:
По трагедијата во Кочани, зборот „систем“ стана синоним за сè што не функционира во државата. Луѓето гневно зборуваат за системот, но што точно значи тоа? Терминот е толку разводнет што изгледа како да го изгуби своето значење. Системот не е некаква апстрактна, невидлива сила – тој има име, конкретна организациска структура и начин на функционирање.
Преку оваа дискусија сакаме да конкретизираме што всушност значи тоа систем, ако веќе тоа е следно на мета на народниот гнев. Како функционира системот во Македонија? Како политичките партии и профитерите го одржуваат статус квото? Какви обиди за промена сме виделе досега, и што може да се направи поинаку? Важно е да не останеме само на гневот – туку да размислиме како да се организираме, комуницираме и делуваме против неправдата. Ако сакаме промена, мораме да знаеме против што точно се бориме.
Повеќе: https://www.facebook.com/events/9702126726513687/?acontext=%7B%22event_action_history%22%3A[]%7D