
Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ организира Национална конференција посветена на економското зајакнување на жените, унапредувањето на родовата еднаквост и справувањето со дискриминацијата на работното место. На конференцијата ќе се дискутираат клучни теми како достојни работни услови, безбедноста на работното место, предизвиците со кои се соочуваат жените работнички и улогата на институциите и работодавачите во создавање подобри услови за сите.
Настанот ќе обедини претставници од релевантни институции, како Министерството за труд и економија и Државниот инспекторат за труд, заедно со работодавачи, граѓански организации, експерти и жени работнички. Целта е да се донесат конкретни заклучоци и препораки кои ќе придонесат за фер, безбедни и инклузивни работни средини, со посебен фокус на подобрување на правата и условите за жените на работното место.
Повеќе информации на: линк