
Пред 91 година за првпат е признаено правото на Македонците за самоопределување. Пред 91 година започнува процесот на исправување на најголемиот грев извршен врз Македонскиот народ. Пред 91 година, по барање на ЦК на ВМРО (Обединета), Коминтерната издава резолуција која го потврдува независниот Македонски идентитет.
Клучниот збор е „потврдува“. Катастрофално е што до ден денес лагата на Михајловистите дека Македонската нација е „оформена од Комунистите и Тито“ е актуелна во историската дебата. А по катастрофално е тоа што поради овие изјави делата на балканските комунисти кои ја афирмирале и ја поддржувале борбата за Македонска држава се ставени во маргините. Дури во 1923 хрватскиот комунист Анте Цилига за весникот „Борба“ пишува:
„Од Словените кои живеат во Југославија има и Македонци. Во текот на 19 век тие се развивале како независен народ. Сите напори на српската буржоазија да ги „посрби“ досега пропаднаа. Тие се посебен национален ентитет и треба да ги добијат сите права што произлегуваат од него. Нашето движење направи грешка кога уште во 1919 година не почна да издава публикации на македонски јазик за македонското население. Треба да се инсистира и на отворање училишта на македонски јазик…“
Влијанието на оваа резолуција е фактот дека била печатена на различни јазици. Оваа резолуција го признава не само правото на македонскиот народ, но исто така ја налагата и обврската на комунистичките партии и организации во сите балкански земји да помогнат во оправданата борба на Македонците за ослободување и обединување. Ова е првата навистина ефикасна поддршка за вековната борба на македонскиот народ; како резултат на тоа, Македонците се ориентирале кон меѓународното работничко движење.
Ова е потвредно и во самата резолуција повикувајќи:
„ВМРО (Об.) треба да ја насочи свеста на Македонските работници дека нивните сојузници во национално ослободителната борба се сите работници, селани и други угнетувани народности. Само таква заедничка борба против заедничкиот пријател ќе биде гаранција за националното ослободување и обединување на Македонија“
Напишано од Шумарот