
Воениот удар на 27 март 1941 година беше клучен настан во историјата на Југославија за време на Втората светска војна. Во пресрет на државниот удар, на 25 март, владата Цветковиќ-Мачек го потпиша пристапот кон Тројниот пакт во Виена, со кој формално се усогласи Југославија со силите на Оската предводена од нацистичка Германија. Тоа предизвика големо незадоволство во земјата, особено кај граѓаните и воените кругови, кои ваквата одлука ја сметаа за предавство на националните интереси и сојузничките односи со Велика Британија и Франција.
Под водство на генералот Душан Симовиќ, група офицери на југословенската армија извршија државен удар во раните утрински часови на 27 март, ја соборија владата на Цветковиќ-Мачек и го симнаа од власт принцот Павле, кој беше регент на малолетниот крал Петар II Караѓорѓевиќ. Кралот Петар II тогаш бил прогласен за полнолетен и ја презел власта, додека новата влада под водство на Симовиќ веднаш се обидела да се дистанцира од Тројниот пакт. Следеа масовни демонстрации во Белград и во други градови со пароли како „Војна е подобрo од пакт“, и „Подобро гроб отколку роб“ што го одразуваше антифашистичкиот став на голем дел од населението.
Овој настан имаше драматични последици. Хитлер бил бесен на соборувањето на владата која се согласила на сојуз со Германија и наредила итна воена интервенција. Веќе на 6 април 1941 година, нацистичка Германија ја започна операцијата „Казна“, бомбардирање на Белград и започнување на инвазијата на Југославија. Југословенската армија, фатена неподготвена и слабо организирана, капитулираше веќе на 17 април.