
Работниците се соочуваат со зголемен финансиски притисок поради забрзаната инфлација во Европската унија во декември. Според податоците на Eurostat, потрошувачките цени на ниво на ЕУ пораснале за 2,7 отсто во споредба со истиот период лани, додека во еврозоната инфлацијата изнесувала 2,4 отсто. Овој пораст, кој се одразува на трошоците за живот, дополнително го усложнува финансискиот баланс на домаќинствата, особено оние со пониски приходи.
Најголемо влијание врз зголемувањето на цените имаа услугите, кои поскапеа за 4 отсто, како и преработената храна, алкохолот и тутунот, кои забележаа раст од 2,9 отсто. Стабилизирањето на цените на енергијата донесе минимално олеснување, но свежата храна и основните потреби продолжуваат да поскапуваат, што ги принудува работниците да ги редуцираат своите трошоци и да бараат дополнителни извори на приходи.
Работниците во земјите со највисоки стапки на инфлација, како Романија (5,5 отсто), Унгарија (4,8 отсто) и Хрватска (4,5 отсто), се најпогодени. Зголемените трошоци за живот ја намалуваат куповната моќ, што доведува до зголемени барања за повисоки плати и социјална заштита.