
Шпанската влада го одобри предлог-закон за намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа без намалување на платата, постигнувајќи договор со синдикатите CC.OO и UGT, кои ја опишаа мерката како историска и потенцијално корисна за 12 милиони работници, особено жени. Министерката за труд, Јоланда Диаз, ја истакна важноста на оваа иницијатива како дел од модернизацијата на Шпанија, бидејќи ова е прво намалување на работното време во последните 40 години. Владата на Педро Санчес ја поздрави одлуката, нагласувајќи дека ќе имаат најмногу корист работниците кои не се опфатени со колективни договори.
Меѓутоа, главната „работодавачка“ (читај: Капиталистичка) организација CEOE го отфрли предлог-законот. Законот ќе мора да помине низ парламентот, каде што владата на Санчес ќе се соочи со предизвик да обезбеди доволно поддршка за да стане закон. Државниот секретар за вработување, Хоакин Перез Реј, изјави дека очекуваат текстот да стигне во парламентот кон крајот на февруари или почетокот на март.