
Усвоена е резолуцијата предложена од Украина, со која се осудува руската агресија.
Во неа се споменува „целосната инвазија на Украина од страна на Руската Федерација“ и се потсетува на потребата од спроведување на сите претходни резолуции на собранието „усвоени како одговор на агресијата против Украина“.
За резолуцијата гласаа 93 членки, 65 беа воздржани, а 18 гласаа против. Русија и Соединетите Американски Држави гласаа заедно против. Меѓу земјите што беа против се и Израел, Унгарија, Белорусија…
Македонија на резолуцијата гласаше „Воздржано“

Во меѓувреме, Соединетите Американски Држави предложија посебна резолуција која не го споменуваше територијалниот интегритет на Украина.
Резолуцијата потоа беше изменета од европските земји, вклучувајќи референци за суверенитетот на Украина.
Оваа изменета верзија беше усвоена, но САД решија да се воздржат од гласање за сопствената резолуција по измените.
Генералното собрание, исто така, го отфрли рускиот предлог за измени во резолуцијата изработена од Соединетите Држави.
Преземено од Novi Dani