
Вработените во Македонската филхармонија најавија нов протест во понеделник во 13 часот пред Министерството за култура и туризам, незадоволни од начинот на кој се спроведува конкурсот за избор на нов директор. Тие истакнуваат дека пред една недела министерот Зоран Љутков им ветил законска и транспарентна постапка, но во меѓувреме добиле информации дека конкурсот се води незаконски, со цел да се назначи однапред договорен кандидат.
Според вработените, фаворизираниот кандидат Мустафа Имери не доставил комплетна документација, што според конкурсот значи дека не би требало да биде разгледуван. Сепак, комисијата на кандидатите со неуредни пријави им дала дополнителен рок од три дена да ја допополнат документацијата, што тие го сметаат за прекршување на правилата со цел да се реализира политички договор меѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ.