Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција официјално ќе ја признае палестинската држава во септември, што ќе ја направи првата земја од Г7 што го презела овој чекор. Формалното признавање ќе биде објавено на седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Макрон повика на итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници и испорака на хуманитарна помош. Тој истакна дека Франција останува посветена на праведен и траен мир, со демилитаризација на Хамас и обновување на Газа како предуслов за изградба на одржлива палестинска држава.
Одлуката наиде на поделени реакции на меѓународната сцена. Палестинските претставници и Хамас ја поздравија како позитивен чекор, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за кого има активна потерница пред Меѓународниот кривичен суд за спроведување на геноцид, остро ја осуди одлуката, оценувајќи ја како „награда за тероризмот“. Според него, палестинска држава би претставувала закана за Израел, а не партнер за мир. Соединетите Американски Држави, главниот стратешки партнер на Израел преку државниот секретар Марко Рубио, ја нарекоа одлуката „неодговорна“. Шпанија и Ирска се веќе дел од неколкуте европски земји што ја имаат признато државата Палестина.