Генералното собрание на ОН со огромно мнозинство усвои резолуција со која бара Израел целосно да се повлече од сите палестински територии окупирани од 1967 година, вклучително и Источен Ерусалим, истовремено потврдувајќи ги неотуѓивите права на палестинскиот народ. Документот, поддржан од 151 држава, ја нагласува трајната одговорност на Обединетите нации за палестинското прашање и ја повторува неопходноста од праведно, сеопфатно и трајно решение како основа за стабилен мир на Блискиот Исток.
Резолуцијата ја осудува израелската колонистичка експанзија, изградбата на т.н. Анексиона бариера и демографските промени во Ерусалим, оценувајќи ги како незаконски според меѓународното право. Собранието бара итен прекин на изградбата на населби, повлекување на доселениците и заштита на палестинските цивили, особено децата. Текстот ја потврдува територијалната целина на палестинските територии, истакнува дека Газа е неразделен дел од нив и предупредува дека секоја промена на статусот на териториите ја подрива можноста за решение со две држави.
Иако резолуциите на Генералното собрание не се правно обврзувачки, документот носи значајна политичка тежина и ја отсликува јасната глобална поддршка за палестинското право на самоопределување. Референцата на советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од 2024 година дополнително ја зајакнува правната аргументација.
Вазалска Република Македонија повторно гласаше „воздржано“ и останува индиферентна кон геноцидот во Палестина и се наоѓа на погрешната страна на историјата.
