Фото: Фејсбук/Сите за Палестина
Извадок од отвореното писмо на nomusicforgenocide.org
1100+ музичари и културни работници ги повикуваат уметниците, телевизиските куќи и фанови да ја бојкотираат евровизија, додека израел не биде исфрлен од натпреварот
Придружете се на бојкотот:
https://secure.avaaz.org/campaign/en/eurovision_ban_loc_al_en/
Милиони луѓе ќе ја проследат евровизијата оваа година. Трета година по ред, израел ќе настапи на сцената и покрај тоа што активно врши геноцид во Газа и нелегално ја окупира Палестина, додека Русија и понатаму има забрана за учеството поради нелегалната инвазија во Украина.
израелскиот претседател исак херцог, којшто е именуван во приговорот на Јужна Африка до Меѓународниот суд за правда поради започнување на геноцид, ја одигра водечката улога во лобирање кон телевизиските куќи да спречи да му се забрани на израел да учествува на натпреварувањето, кое воедно се смета за најгледан светски настан на западот
Лицемерниот одговор на EBU на злосторствата кои ги вршат Русија и Израел ја отстрани секоја илузија за наводна „неутралност“ на Евровизија. Во 2022 година од EBU изјавија дека руската присутност ќе придонесе за натпреварот да го бие лош глас.
Сепак, по повеќе од 30 месеци, геноцидот во Газа, етничкото чистење и крадењето имоти во окупираниот Западен Брег не се сметаат за доволна причина да се примени истата политика кон израел.
Одбиваме да молчиме додека израелското геноцидно насилство гласно одекнува и ги стишува Палестинските животи. Додека израел носи фашистички закони за јавно погубување на невини луѓе. Додека сè што е преостанато од речиси секоја сцена, студио, книжарница или училиште во Газа се останати само купишта урнатини, под кои безживотно лежат (се затрупани) човечки тела кои сè уште чекаат на извлекување и достоинствен погреб.
Во солидарност со Палестинците се вклучуваме на јавниот повик, да ја бојкотираме Евровизија сè додека EBU не забрани учество на соучесничката израелска телевизиска куќа кап.
Ги поздравуваме принципиелните повлекувања од натпреварот на Шпанија, Ирска, Исланд, Словенија и Холандските телевизиски куќи и многуте финалисти на националните избори коишто се обврзаа на одбивање да присуствуваат на Евровизија.
Упатуваме апел кон МРТ да не ја емитува евровизијата оваа година и ве повикуваме вас да го направите истото.