Фото: Фејсбук
Фејсбук статусот на синдикалниот лидер Иван Пешевски го пренесуваме во целост
За мене Македонија независна беше пред Осми Септември ’91ва. За самостојноста, изгледа, сè уште преговараме.
Денес, искрено, не знам што точно славите. Ако навистина Ви е до славење — секоја чест.
Денес славиме “независна држава”, додека секојдневно зависиме од кредити, банки, странски инвестиции, партиски договори, тендери и туѓи одлуки.
Ама важно е да има спектакл. Лебот можеби е поскап, платата пократка, младите сè помалку — ама озвучувањето е врвно. Идиотски врвно!
Следната година уште појако. Дејвид Гета и Тиесто заедно. А за утре… без гајле. Ќе има ажурирање, кафе-муабет за журката на идиотот и задолжително утврдување кој е крив за тоа што сите се правиме дека е добро.
Извини Македонијо што на волку плодна почва раниш идиоти што не те заслужуваат. Има сеуште луѓе што знаат дека само сонцето е постаро од тебе, ама не се тука, слават од далеку. Слават друг датум.
Државата ја славиме еден ден. Зависноста ја плаќаме 365 дена.