Фото: Фејсбук
Фејсбук статус на екосоцијалистот и активист на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Драган Димковиќ
Министерот најави нова стратегија и закон за вештачка интелигенција.
Сѐ тоа добро, министре, ама закони имаме еден куп. Стратегии, студии, правилници? Со лопата да ги ринеш.
Проблемот е што дури и домашните компании ви ги кршат вашиве закони и правилници каде и кога сакаат, а да не зборуваме за странските “етични” мултимилијардерски компании што можат да нѐ купат со сѐ партали, неколку пати.
Истите тие компании ќе ги кршат и вашите закони за етичност и правилно користење на ВИ, затоа што им се исплати да ги кршат и да си платат, дури и да ги фатите по некое чудо.
Закони имаме. Лабави, какви-такви, имаме.
Немаме доволно инспектори да ги спроведат овие закони и да ги казнат тие што ги прекршуваат.
Немаме судство што ажурно и праведно ќе ги процесира овие прекршоци или кривични дела.
А додека дата-центрите за ВИ ќе ни ја цицаат водата, загадуваат животната околина, предизвикуваат бучава и ослободуваат топлина и стакленичарски гасови, самата технологија нема да биде ништо подобра, ниту ќе ни го подобри животот на 99,99% од луѓето, тие од работничката класа која ја угнетувате 35 години, а ќе се збогатат неколкумина веќе богати.
Со оваа технологија:
Ќе шпиунираат наши сограѓани.
Ќе прават предвидувања кој кога и како спрема револуција против нив.
Ќе предвидуваат колку заработуваме за да ни понудат помала плата.
Ќе градат систем за социјален кредит со кој ќе се лимитираат нашите слободи.
Ќе убиваат деца во Палестина со автономни дронови.
Ќе генерираат детска порнографија со слики од нашите деца.
Ќе хакираат државни ИТ системи да украдат наши приватни податоци.
Ќе тренираат модели од наш колективен авторски труд и макотрпно стекнато знаење и ќе ни ги продаваат после назад за солени пари.
Ќе се тркаат кој прв да развие суперинтелигенција, за која самите лидери на ова поле велат дека може да нѐ истреби за 10 години.
А вие, министре, а со вас и државата, за тоа појма ќе немате, затоа што тоа што ќе се процесира и тренира ќе биде строго чувана доверлива информација во “црна кутија” под NDA (Non Disclosure Agreement).
Слободно продолжете да се коцкате со нашите животи и иднината на нашите деца за да ги задоволите вашите стратешки партнери од Епстин класата на сексуални предатори, канибали и трговци со бело робје.
Македонија отсекогаш страдала од предавници на својот народ, ама никогаш до сега не страдала вака.