Фото: Фејсбук/СРТ
Соопштението на СРТ го пренесуваме во целост
На ден 26.06.2026година, членовите на Синдикатот и вработените во Градски Трговски Центар АД Скопје излегоа на мирен протест пред управната зграда.
На протестот беше изразено незадоволството поради кое вработените не добиле усогласување на платите согласно на минималната плата.
Протестот беше организиран поради игнорантскиот однос на работодавачот, кој и покрај барањето на Синдикатот, барањето потпишано од повеќе од 110 вработени и барањето од Синдикатот на работниците од трговијата ( СРТ), и покрај зголемувањето на минималната плата на национално ниво, платите на вработените останале непроменети, што директно влијае врз нивниот животен стандард и економска сигурност.
Вработените бараат усогласување на нивните плати за минимални 1.600 денари, а раководството одбива да го прифати барањето и покрај тоа што најголем дел од вработените се на минимална или блиску до минималната плата.