Фото: Фејсбук/ССМ
Соопштението на ССМ го пренесуваме во целост
Синдикатите СИЕР и СГИП повикуваат на протест пред Основниот граѓански суд Скопје на бул. Гоце Делчев на 18.11.2026 година со почеток во 11 часот.
Протестот се организира поради незадоволството на работниците од бавноста на судот при одлучување за заштита на интересите на работниците.
Синдикатот СИЕР протестот го организира поради бавноста на судот поврзана со одлучувањето поврзано со случајот ФАКОМ каде што работниците се оставени на милост и немилост на судот и на газдата кој им должи неисплатени плати и придонеси, како и други додатоци на плата и се оставени без егзистенција.
Синдикатот СГИП протестот го организира поради бавноста на судот поврзана со начинот на одлучувањето поврзано со случајот стечај на БЕТОН каде што работниците се оставени на милост и немилост на судот и на газдата кој им должи неисплатени плати и придонеси, како и други додатоци на плата и се оставени без егзистенција.
Се повикуваат работниците на 18.11.2026 година во 11 часот да се придружат на протестот и да го изразат своето незадоволство.