
Соопштението на Сојузот на Синдикати на Македонија ви го пренесуваме во целост
Вработените во Пошта 2 Скопје се соочени со огромни политички притисоци, закани и уцени од страна на раководни лица во дел од Подружниците со цел по секоја цена да ги пренесат во друг синдикат кој ќе ќути поради тоа што не знаат ниту кога ќе биде исплатена платата , поради тоа што партиски се наградуваат партиски лица во шефови и раб места во администрација на штета на 1.200 работници во тех процес, поради тоа што работниците немаат елементарни услови и средства за работа ..велосипеди..мопеди ташни за носење на поштата, ниту пак други основни средства, наспроти тоа од ден на ден приватните пошти го оавојуваат поштенскиот пазар на штета на Македонска пошта
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов заедно со Претседателите на Синдикатите во Македонска пошта дел од ССМ Боро Велигденов и Саше Димитријевски денеска имаа сосотанок со повеќе од 150 вработени во пошта кои во знак на револт одржаа мирен протест пред капијата барајки Директорите да дојдат и пред сите нив да објаснат за настанатата состојба, за притисоците кое се вршат , за тоа кога ќе има плата, кога ќе се набави лична заштитна опрема и средства за работа, кога ќе се запре со унапредување во контролори на партиски послушници, и кога ќе запре политичкиот прогон со притисоци за преминување во партиски синдикат.
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на вчерашната прес-конференција предупреди на ваквата состојба и истакна дека ССМ ќе застане цврсто против сите политички притисоци, а во наредниот период не се исклучува можноста во сите институции каде се прави политички притисок да се постапи на ист начин.