Фејсбук објавата на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов ја пренесуваме во целост
Во овие 35 години тие (елитите) ни покажаа дека најчесто гледаат само за себе. Ни покажаа дека најважно им е како да дојдат на власт, а потоа… е, потоа се покажуваат во своето вистинско светло.
А ние? Е, ние 35 години некого носиме на власт со оптимизмот дека ќе биде подобро, со истиот оптимизам со кој луѓето излегоа да гласаат на Референдумот на 8 септември 1991 година.
И 35 години слушаме:
„Ќути, трај, има и полошо.“
Но, ако само за момент, во овие 35 години, сите ние сме викале:
„Не ќути! Не трај! Може и подобро!“ , дали тогаш тие ќе владееле или ќе служеле?
А до тогаш, како што рекол римскиот поет Јувенал: Panem et circenses – „леб и циркуски игри“.
Со овие зборови тој ја критикувал апатијата на римскиот народ, а денес, оваа синтагма е популарна метафора за бројните начини на кои владетелите му го одвлекуваат вниманието на народот од важните општествени, економски и политички прашања, задоволувајќи ги само неговите краткотрајни потреби.