Генералното собрание на Обединетите нации повторно ја усвои резолуцијата со која се бара укинување на економското, трговското и финансиското ембарго наметнато од САД врз Куба. И покрај тоа што огромно мнозинство од 165 држави гласаа „за“, седум земји, меѓу кои и Македонија, гласаа „против“. Ова ја става Македонија во малцинството кое се најде на страната на САД, Израел, Аргентина, Унгарија, Парагвај и Украина.
Одлуката на Македонија да гласа против резолуцијата предизвика револт бидејќи државата досега најчесто се приклучуваше на мнозинските ставови на Генералното собрание. Аналитичарите ја толкуваат ваквата промена како сигнал за зголемено усогласување на македонската надворешна политика со позициите на САД.
Иако резолуцијата е необврзувачка, нејзиното усвојување повторно го покажува широкото несогласување на меѓународната заедница со економските санкции против Хавана. Сепак, одлуката на Македонија да гласа „против“ се толкува како јасна политичка порака за поддршка на империјалистичката американска надворешна политика . Генералното собрание реши оваа тема повторно да ја стави на агендата и следната година.