Фото: Фејсбук/Тимчо Муцунски
Соопштението на Сите за Палестина го пренесуваме во целост
Нашиот министер за надворешни работи и познатиот американски вазал – Тимчо објави дека остварил работна средба со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар.
На средбата, како што тврди тој, ја потврдиле „одличната билатерална соработка меѓу двете земји“ и се согласиле дека во периодот што следи треба да работат на целосно искористување на потенцијалите за унапредување на политичкиот дијалог, како и на соработката во областа на економијата, трговијата и инвестициите.
Министерот Муцунски ниту еднаш се нема одѕвано на апелите, прашањата и протестните ноти упатени од граѓаните на Македонија кон кои има должност, наместо да изигрува вазал на држави кои гласаат ПРОТИВ храната да биде човеково право.
Па, повторно да го прашаме, за каква економија, трговија и инвестиции зборуваме? За делови на оружје за војска која активно врши геноцид веќе три години? За држава која убива невини деца и е директен виновник за најголемата стапка на деца со ампутирани екстремитети (да, пред 2023)? За држава која го негира правото на самоопределување на цел народ (иронично, зар не)? На држава која е ставена на црна листа за вршење сексуално насилство во воени зони?
Бидејќи нема слух за своите граѓани, уште еднаш јавно го потсетуваме дека Македонија е членка на Меѓународниот кривичен суд (кој уште во ноември 2024 година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и гладување како оружје за време на војна – а што прават нашите „делегати“? се сликаат и состануваат со директни соучесници на овие воени криминалци).
Македонија исто така е потписничка на многубројни повелби, декларации, и конвенции, меѓу кои:
Римскиот статут (за потсетување, членови 6(в), 25(3)(в) и (д))
Женевската конвенција (за потсетување, членови 8(2)(а)(i)-(iv);(vii), 8(2)(b)(i)-(iv);(ix);(xii);(xiv);(xx);(xxv)
Конвенција за спречување и казнување на злосторството за геноцид
Конвенција за сузбивање и казнување на злосторството Апартхејд
Конвенција за правата на детето и бројни бројни други.
Каде ви оди душата, ако имате?